• Саше Љолес
Екипата на Рома доживеа шок пред своите гледачи и загуби од Торино со конечни 2-3 (0-1) во натпреварот кој се играше во рамки на осминафиналето од Купот на Италија.
Гостинскиот тим поведе со голот на Че Адамс во 35. минута и ја задржа минималната предност на паузата, а во второто полувреме видовме уште четири погодоци, но со среќен епилог за „биковите“.
Рома израмни преку Марио Хермосо, но Торино повторно поведе со вториот гол на Адамс во 52. минута. „Волчицата“ не се предаде, се врати во нова егал-ситуација откако мрежата ја затресе Антонио Арена, но Торино ја запечати победата со голот на Турчинот Емиран Илкан, кој ги постави конечните 2-3 во 90. минута од натпреварот.
- Извештај од натпреварот:
Торино е екипата што патува во четвртфиналето, каде за противник ќе го има моменталниот лидер во Серија А - Интер.









