„Ацтека“ се реновира, повторното отворање во март следната година

Меисико, Канада и Соединетите Американски Држави се подготвуваат за организација на Светското првенство во 2026 година. 

Градските власти на мексиканската престолнина Мексико Сити објавија дека отворањето на реновираниот митски стадион „Ацтека“ ќе се одржи во март следната година. Стадионот ќе биде преименуван во „Естадио Сиудад де Мексико“,.

Стадионот ќе биде модернизиран со нови соблекувални, подобрени простори за ВИП гости и зголемен капацитет, но сè уште не е познато дефинитивниот капацитет.

На „Ацтека“, стадион кој беше домаќин на мундијалските финалиња во 1970 и 1986 година, ќе биде одигран првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година на 11 јуни следната година.