Ацо Стојков се договори со Академија Пандев!

Македонскиот прволигаш Академија Пандев договори ново засилување во своите редови и во новата сезона во тимот ќе смета на искусниот Ацо Стојков.

Струмичанецот веќе се договорил со управата на „пандевци“, а наскоро ќе следи официјализација на договорот и презентација во новата средина. Стојков ќе биде големо засилување за нападот на Академија Пандев, земајќи предвид за неговото искуство во фудбалот.

Стојков, кој има 35 години, во изминатите три години беше дел од Вардар. Во богатата клупска кариера го носеше дресот на Скендербег, Работнички, Ботосани, Зоб Ахан, Арау, Дебрецен, Партизан, Ла Лувр, Андриа, Горник, Специја, Интер..., а потекнува од фудбалската школа на Беласица.

Напаѓачот е и некогашен репрезентативец на Македонија и зад своето име во националниот тим од 2002 до 2014 година има 40 настапи, на кои даде пет гола.