Ацковски заврши со Шкупи, разгледува понуди од Македонија и странство

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Кристијан Ацковски, по завршувањето на договорот и дефинитивно се раздели со прволигашот Шкупи

Иако имаше опции играчот за врска да остане во Шкупи, сепак соработката по две сезони меѓу двете страни заврши. Сега фудбалерот е слободен агент и е во потрага по нова средина. Во последните седмици Ацковски се поврзуваше со трансфер во редовите на хрватски прволигаш, но до потпис не дојде. 

Интерес за Ацковски постои од неколку македонски клубови кои се натпреваруваат во ПМФЛ. Покрај нашите прволигаши, 26-годишникот има опција да заигра и во првенството на Бугарија

Во својата кариера, Кристијан Ацковски тргна од младинските категории на Работнички со кој играше во ПМФЛ. Беше позајмен во Борец, а потоа направи трансфер во Брегалница. Од летото 2022 година тој беше дел од Шкупи. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.