Ацковски опција за шампионот Шкупи, играчот размислува и за странство

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Кристијан Ацковски по крајот на оваа сезона се раздели со штипска Брегалница и е во потрага по нов предизвик. 

Според информациите до кои дојде Gol.mk, за 24-годишниот фудбалер за врска е заинтересиран шампионот во ПМФЛ, Шкупи. Чаирчани сериозно размислуваат да се засилат со Ацковски кој би ја засилил конкуренцијата на средината од теренот, особено бидејќи се очекува од тимот на Седлоски да заминат неколку играчи за врска. 

Што се однесува до Ацковски, постои и опција фудбалерот да замине и заигра во странство, што би бил прв интернационален предизвик. Освен заминување од земјава и Шкупи, во македонскиот шампионат постојат и други заинтересирани тимови за неговиот потпис. 

Својата кариера Ацковски ја започна Работнички, низ младинските категории се избори за првотимски статус и одигра 40 натпревари во ПМФЛ на кои постигна два погодоци. Потоа во јануари 2020 година играчот направи трансфер во Брегалница, му помогна на тимот да се врати во елитата и оваа сезона настапуваше во првата лига. За штипјани, Ацковски изминатата сезона настапи 32 пати, запиша два погодоци и асистенција.