ВИДЕО: Абрахам како Давид Луиз – намигна додека лежеше „повреден“ на тeрен!

Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам имаше фантастична прва сезона во редовите на Рома и е еден од најзаслужните фудбалери на „волчицата“ за првиот европски трофеј во клупската историја. 

Покрај фудбалските способности на теренот, англискиот напаѓач во финалето со Феенорд демонстрираше и лукавство во периодот во кој италијанскиот тим требаше да ја сочува минимална предност. Во моментот кога се ближеше крајот на дуелот, 24-годишниот англиски напаѓач се најде на тревата и навидум повреден се држеше за ногата. Но, камерите го уловија како му намигнува на соиграчите, со што јасно стави до знаење дека симулира. 

Неговиот потег ги наврати љубителите на Премиер лигата во 2013 година, кога истото го направи Давид Луиз на натпревар против Манчестер Јунајтед, при водство на Челзи од 1-0.

Рома во финалето против Феенорд во Тирана победи со 1-0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Николо Заниоло во првото полувреме.

Состави

Жозе Мурињо

3-4-2-1

    Arne Slot

    4-3-3