ВИДЕО: Абрахам ја казни грешката на Белерин, Челзи слави во лондонското дерби

:elzi

Арсенал и Челзи одиграа пријателски меч во рамки од подготовките за новата сезона во Премиер лигата. Победа на гостински терен запишаа „сините“ предводени од Томас Тухел (1-2).

Екипата од „Стемфорд Бриџ“ влегува во новата сезона со големи амбиции. По ланската титула во Лигата на шампионите, следна цел е освојување на трофејот во англиското првенство.

  • Извештај од натпреварот: 

Каи Хаверц по 26 минути игра донесе радост за гостинскиот тим. Се чекаше долго за одговор на „топџиите“. По една асистенција на Николас Пепе, во листата на стрелци се запиша Гранит Џака и израмни.

Неколку минути подоцна Тами Абрахам, кој е на излезни врати од Челзи, го одлучи прашањето на победникот. Голгетерот искористи грешка на Хектор Белерин и рутински ја испрати топката по земја во мрежата на ривалот.

Брентфорд и Арсенал ќе ја отворат премиерлигашката сезона на 13 август, а ден подоцна Челзи ќе се сретне со Кристал Палас.