• Мартин Танасковски
Екипата на Глазгов Ренџерс гостуваше кај Абердин во шкотскиот шампионат, а македонскиот фудбалер Бојан Миовски имаше „специјален“ пречек од навивачите на кои во минатото им беше миленик.
Центарфорот блескаше во Абердин и беше главен играч во тимот, па од таму замина во Шпанија. За него навивачите имаа голема почит, се до одлуката да замине во Глазгов Ренџерс, тим кој е голем ривал на Абердин.
По тој повод, на мечот на двата тима одигран во рамки на колото на шкотската Премиер лига, на навивачката трибина имаше изјава од поранешниот играч Еион Џес, а посветена на Миовски.
„Никогаш не би се вратил на Питодри во дрес на Ренџерс, имам јас свој морал“, е култната изјава на Џес која се најде на трибината на навивачите на Абердин.
Инаку, овој меч го доби Глазгов Ренџерс со 2-0 и остана во трка за титулата во шампионатот на Шкотска.


