Абердин славеше во Купот, па го отпушти Нил Ворнок по само 33 дена

Само 33 денови беа доволни за Нил Ворнок да добие отказ во Абердин, каде настапува нашиот Бојан Миовски. Шкотскиот прволигаш триумфираше во четвртфиналето од Купот и го надигра Килмарнок со 3-1, но отказот за менаџерот дојде само еден час по завршувањето на натпреварот. 

Англискиот тренер дојде во Абердин со мисија да го поправи впечатокот и да ја крене формата на тимот, но забележа само еден триумф и тоа беше доволна причина за управата да ја раскине соработката со него. 

Нил Ворнок важи за многу искусен тренер, кој во минатото беше предводник на многу клубови, меѓу кои беа Кристал Палас, Лидс Јунајтед, Мидлсброу, Квинс Парк Ренџерс, Шефил Јунајтед и други.