Абердин сигурен против Питерхед, Миовски сè уште чека на работна виза

Славниот шкотски фудбалски клуб Абердин, за кого од новата сезона ќе настапува еден од најнадежните македонски фудбалери Бојан Миовски со победа ја отвори новата сезона во домашниот фудбал. 

Имено, во првото коло од Премиер Спорт Купот на Шкотска, Абердин извојува сигурна победа над тимот на Питерхед со 0-2, со голови во второто полувреме. Рамирез во 63. минута донесе водство за поранешниот шампион на Шкотска, додека истиот фудбалер во 74. минута стави точка на натпреварот.

Македонскиот напаѓач не беше во протоколот за денешниот натпревари, а локалната јавност  пишува дека причината за тоа е што сè уште ја чека потребната работна виза за Велика Британија.

Бојан Миовски со славниот шкотски клуб потпиша договор на четири години, а неговиот поранешен клуб МТК од овој трансфер ќе инкасира најмалку 500.000 евра.