Абердин одби шест милиони евра од Ренџерс за Миовски!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе ја остави сезоната на кариерата во Абердин, па затоа за него почнаа да доаѓаат понуди на адреса на шкотскиот премиерлигаш.

Првата која пристигна е од Глазгов Ренџерс. Како што јавуваат од Шкотска, „полицајците“ понудиле сума од 5,5 милиони фунти, што е шест милиони евра, но Абердин ја одбил со образложение дека е ниска.

Ренџерс нема да се откаже, веќе размислува за следна понуда. Сумата која се најавува е меѓу 6,5 милиони и 7 милиони фунти која ќе пристигне во следните денови. Покрај Ренџерс, Миовски го бара и шкотскиот првак Селтик, но нема конкретна понуда.

Бојан Миовски сезоната за Абердин ја заврши со 53 одиграни натпревари на кои даде 26 гола, со уште четири асистенции.