• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Бојан Миовски ја игра сезоната на кариерата со најдобар учинок. Шкотски Абердин е пред искушение, дали да го продаде најдобриот стрелец или да го задржи и понатаму, а медиумите веќе информираат за иднината на играчот.
24-годишниот штипјанец ја напаѓа бројката од 30 гола до крајот на актуелната сезона за да урне достигнување старо скоро половина век. Даде гол и на последниот натпревар за Абердин, па повторно е во фокусот на вниманието.
Миовски, кој е играч на Абердин на сезоната и се најде во идеалниот тим на шкотскиот шампионат, е интересен за повеќе екипи. Неколку се од Островот, од Англија и Шкотска, последен кој пројави интерес е холандски Феенорд.
Абердин ја следи ситуацијата, но ја покачи цената на играчот по сезоната на кариерата. Клубот за трансфер на Миовски бара осум милиони евра, што би бил рекорден трансфер. Претходно, се споменуваше цифра од пет милиони евра.
Миовски дојде во редовите на Абердин во 2022 година од унгарски МТК.