Абдурахими од Локерен се сели во јапонски Кашива Рејсол?

Како што најавува белгискиот весник „Спорт“ македонскиот репрезентативец, Бесарт Абдурахими, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Јапонија.

Кашива Рејсол е екипата која пројавила интерес за крилниот напаѓач, а со оглед на малата минутажа што ја има Абдурахими во тимот на Локерен, големи се шансите овој трансфер да се реализира.

Од 2014 година Абдурахими е член на Локерен, има запишано 21 настап, постигнувајќи само 5 погодоци. Дресот на Македонија го има носено 12 пати, а само еднаш се има запишано во листата на стрелците.