• Сашо Поповски

Македонскиот интернационалец, Бесарт Абдурахими потпиша договор со екипата на Астана од Казахстан, откако не успеа да се наметне во екипата на Локерен.
25-годишниот крилен напаѓач не доби голема минутажа во белгискиот прволигаш, па одлучи да се пресели во казахстанското првенство. Македонскиот репрезентативец е нестрплив за да го направи своето деби за новата екипа.
„Спремен сум и со нетрпение го чекам моето деби за новата екипа, за која ќе го дадам максимумот за заедно да ги оствариме амбициите“ , изјави Абдурахими.
За екипата на Локерен одигра 32 натпревари и постигна 5 гола. Претходно, Абдурахими играше и за екипите на Апоел од Тел Авив и Загреб.