• Горан Упале

Како што најавува белгиски „Спортнет“ македонскиот репрезентативец Бесарт Абдурахими е пред излезни врати од тимот на Локерен, а како негова нова дестинација се шпекулира дека ќе биди Јапонија, поточно тимот на Висел Кобе.
Македонскиот репрезентативец имаше споредна улога во белгискиот клуб оваа сезона. Повеќе време поминуваше на клупата за резерви или на трибините одколку на теренот, и поради тоа Абдурахими размислува за негово заминување во тим каде ќе има повеќе шанси за докажување.
Абдурахими во дресот на Македонија има запишано 12 настапи, постигнувајќи само еден гол, додека на 21 натпревар во Локерен беше стрелец на пет погодоци.