ВИДЕО: „ААДРИИИАААННН“ - урнебесен извик на Клоп во стилот на Роки Балбоа

Јирген Клоп

Ливерпул го освои Суперкупот на Европа против Челзи и стигна до уште еден голем трофеј. Новата сезона не можеше да започне подобро за актуелниот европски првак, кој вчера пронајде херој во замената за Алисон Бекер, голманот Адриан.

На интервјутот по мечот, Јирген Клоп искористи популарен извик на Роки Балбоа, светски познатиот лик од филмовите „Роки“ на Силвестер Сталоне, и ја насмеа цела фудбалска јавност.

Погледнете го моментот:

 

Уште еден доказ зошто Германецот е еден од најзабавните и најпопуларните тренери во светот.