ВИДЕО: А, ВАР каде е? Симулацијата на Мертенс наградена со пенал за Наполи

Новата сезона на Серија А започна со контроверзна судиска одлука на дуелот меѓу Фиорентина и Наполи. 

На „Артемио Франки“ двете екипи одиграа луд натпревар, крунисан со многу возбудувања и седум гола (3-4), но и една голема судиска грешка, која директно влијаеше на резултатот. Во 43. минута Мертенс падна во казнениот простор на Фиорентина, иако врз него немаше никаков контакт, но сепак тоа мина кај главниот судија, кој без размислување и без проверка на ВАР досуди најстрога казна за тимот на Наполи, која во гол ја претвори Инсиње. 

Погледнете ја симулацијата на Мертенс на која наседнаа судиите: 

На овој натпревар свое деби во Серија А имаше нашиот „дијамант“ Ељиф Елмас, кој ги одигра последните 20 минути.