• Зоран Мишевски

Викендов на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), „Петар Милошевски“ ќе се одиграат натпреварите од финалниот турнир од Детската Лига за сезона 2022/23.
Почнувајќи од утре во 13:00 часот, а заклучно со недела во 13:30 часот на ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2010 - 2015).
Ова е само завршница на годинешното издание на Детска лига каде имавме учество на 135 клубови и 575 екипи со повеќе од 8.500 млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.
На учесниците им посакуваме среќа и успех на претстојните натпревари и истите да поминат во духот на фер плејот, а воедно и упатуваме отворена покана за присуство до сите заинтересирани.
Во продолжение можете да го погледнете распоредот за финалните турнири.