820 додавања, 78,9% посед на топка – Тухел дебитираше со рекордни бројки

Тухел

Челзи беше тимот кој апсолутно доминираше синоќа на дуелот со Вулверхемптон на „Стемфорд бриџ“. Меѓутоа резултатот остана почетниот, со оглед на неискористените шанси на домашните офанзивци.

Новиот тренер на „сините“, Томас Тухел, донесе свежина и нов стил на игра. Веќе на првиот меч се почувствува неговото присуство, а беа срушени и неколку рекорди.

Со денешните 820 додавања и 78,9% посед на топка, тимот од Лондон запиша рекордни бројки кои не се видени од 2003 година до денес.

Играта ветува, но управата наскоро ќе очекува резултати од германскиот стратег. Тој пристигна во екипата како замена за легендарниот Френк Лампард.

Челзи стои на осмата позиција во Премиер лигата и до крајот на сезоната ќе се бори за излез во Европа.