• Горан Упале

Навивач на Манчестер Сити се бори за живот по „кукавичкиот“ напад на навивачите на Клуб Бриж по синоќешната средбата во Бриж во Лигата на шампионите.
63-годишен поддржувач, кој е дел од групата поддржувачи на Сити наречена „Сина месечина Белгија“, беше нападнат на станица во близина на стадионот, по убедливата победа на англискиот тим од 1-5.
Британските медиуми пишуваат дека најпрво настанала вербална расправија поради тоа што навивачот носел шал од Манчестер Сити, а потоа ситуацијата ескалирала и нападнатиот навивач е во кома и се бори за својот живот.
„Групата „Сина месечина Белгија“ беше жртва на бесмислено насилство синоќа“, напиша белгиската навивачка група на нивната страница на Фејсбук.
Татко ми беше кукавички нападнат поради неговиот шал. Се надеваме дека сторителите ќе бидат најдени и казнети“, напиша синот на нападнатиот фан.
Манчестер Сити одигра доминантен натпревар во Белгија и со убедливи 1-5 направи голем чекор до пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите.