• Сашо Поповски
Во пресрет на реваншот од плеј-оф финалето на Апертура шампионатот во Мексико, навивачите на Тигрес направија волшебна атмосфера на тренингот на своите миленици.
Фудбалери како Жињак, Валенсија и Варгас ќе имаат тешка задача на гостувањето кај Монтереј, откако одиграа без победник (1-1) на првиот меч. Но, мексиканските фанови, кои се познати по својата пасија, им го дадоа последниот ветар во грб, за да се постигне што подобар резултат.
Стадионот на Тигрес се вика „Универзитарио“ и се наоѓа во градот Сан Николас, а познат е по името „Вулкан“. Околу 40.000 луѓе се собраа на денешниот тренинг, а песната не застана од почеток до самиот крај на истиот.
Погледнете како изгледаше атмосферата: