ВИДЕО: 40-годишен асистент влезе во игра и постигна ремек-дело од учебниците

Оденсе

Данските прволигаши Копенхаген и Оденсе одиграа пријателска средба која ја одбележа асистентот на тренерот на гостинскиот тим.

Екипата од главниот град на Данска поведе со 2-0, противникот се врати со два брзи гола, а на крај доби засилување од клупата. Асистентот мораше да влезе во игра и да го пополни недостатокот на фудбалери поради повреди.

Тој е поранешен играч за врска и има 40 години, а го украде шоуто со оваа мала мајсторија од работ на шеснаесетникот:

Неговиот лоб е вистински хит и собра милиони прегледи за само 24 часа.