31 трофеј за девет години: Маркињос веќе е легенда на ПСЖ и францускиот фудбал

Иако ги лови европските висини, ПСЖ не е губитнички клуб. Во Франција е суверен владетел и секоја година собира по 2-3 трофеи.

Со освоената титула во францускиот Суперкуп, капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос стана рекордер на клубот по освоени трофеи и Бразилецот веќе е и играч со најмногу одличја во историјата на францускиот фудбал.

Маркињос има импресивен 31 трофеј зад своето име: девет титули во Лига 1, седум Купови на Франција, шест Лига купови и девет домашни Суперкупа. Со трофејот освоен во недела во Доха, централниот дефанзивец го престигна својот до неодамна соиграч, Марко Верати кој има 30 трофеи.

Маркињос ги има сите шанси да го зголеми бројот на трофеи во својата витрина, бидејќи ПСЖ води на табелата и е во конкуренција за Купот на Франција.

Зад тандемот Маркињос-Верати се Тиаго Силва и Преснел Кимпембе со по 23 трофеи, како и Единсон Кавани, кој има 21 одличје.