• Иван Димовски

Данскиот плејмејкер, Кристијан Ериксен успеа да ги надмине проблемите со срцето и го запиша својот премиерен официјален настап за Брентфорд во Премиер лигата.
259 дена откако Ериксен имаше срцев удар за време на натпреварот на Европското првенство на „Паркен“ во Копенхаген меѓу Данска и Финска, тој пак заигра во англиската елита. Во 52. минута од дуелот на Брентфорд со Њукасл, Ериксен беше испратен на теренот наместо Јенсен, а фановите го препознаа моментот и го поздравија со стоечки овации.
По несреќните проблеми со срцето, на Данецот му беше вграден апарат за помош при работата, а поради тоа мораше да го напушти Интер. Брентфорд му даде шанса, по деталните тестови потпиша со Ериксен и сега тој се врати на терените во Премиер лигата.