28 скаути го следеле Андре Силва на мечот Порто - Бриж!

Новата ѕвезда на Порто напаѓачот Андре Силва блесна оваа сезона и веќе стигнуваат понуди за негово ангажирање од најбогатите европски екипи. 

20-годишниот Андре Силва постигна 10 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и тоа му беше најдобра препорака и за влез во репрезентацијата на голема врата, а сега и за шпекулации за негов премин во клуб од Шпанија или Англија. 

Каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ во своето вчерашно издание напиша дека на последниот натпревар помеѓу Порто и Клуб Бриж, Андре Силва го следеле скаути на 28 европски клубови, меѓу кои и Барселона.