ВИДЕО: 26 години од срамниот прекин и мега-инцидентот меѓу „Чкембари“ и „Комити“

Пред 26 години испишана е една од најнегативните страници од најголемото фудбалско ривалство во македонската историја. Нетрпеливоста меѓу „Комити“ и „Чкембари“ кулминираше со нивното соочување во сезоната 1992/93 во шампионатот на Македонија.

Имено, натпреварот од последното коло на ПМФЛ меѓу Пелистер и Вардар не се одигра заради дивеењето на навивачите на двете екипи. 

По инцидентот на полицијата и домашните навивачи повредени беа дел од „Чкембарите“, а половина стадион беше демолиран. Исчекувањето донесе кршење на дрвените клупи, провокации од „Комитите“, па влегување на терен на домашните навивачи и солзавец кога ситуацијата беше пред поголем инцидент.

Фудбалерите на двете екипи не се појавија на теренот по загревањето и подоцна натпреварот беше регистриран со службени 0-3 за Вардар. 

Три недели пред овој срам двете екипи играа финале на Купот на Македонија во Скопје, а со голот на Савов вардарци славеа со 1-0. Натпреварот и денес е најпосетувано финале на Купот и еден од најголемите фудбалски празници во нашата историја.

  • Дел од највпечатливите фотографии од објективот на Димитрије Гиновски: