ВИДЕО: 23 секунди договараа шема од слободен удар, а сега цел свет им се смее!

Во натпревар од четвртфиналето на полскиот Куп се случи најчудната шема на изведување на слободни удари. На мечот помеѓу третолигашот Ниеполомиц и Погон, далеку поквалитетната екипа на Погон славеше со 0-2, а на третолигашот слатко му се изнаесмеаа. Шест фудбалери во сини дресови 23 секунди се договараа како да го изведат слободниот удар, а потоа се случи тотален хаос од договорот. 

Веројатно идејата на полските фудбалери дојде од легендарниот слободен удар кој го изведоа шведските фудбалери на Мундијалот во 1994 година, а со гол го заврши Томас Бролин.