23-годишен француски милјардер е нов сопственик на Сандерленд

Младиот 23-годишен Французин Кирил Луис-Дрејфус, наследник на богатство вредно милијарди, од денес е најмладиот претседател во англискиот фудбалски клуб, откако го комплетираше преземањето на Сандерленд.

Клубот кој трета сезона настапува во Лига 1 (трета лига), откако во 2017 година испаднаа од Премиер лигата од денес има нови сопственици. Дрејфус го купи клубот од британскиот бизнисмен Стјуарт Доналд, кој е на чело на клубот од 2018 и ќе остане малцински акционер.

58-годишната Маргарита, мајка на Кирил, стана наследник кога се омажу со Роберт Луис-Дрејфус во 1992 година. Бизнисменот почина од леукемија во 2009, оставајќи ја сопругата како сопственик на компанијата која минатата година имаше промет од 33,.6 милијарди долари.

Семејството Луис-Дрејфус беше сопственик на Олимпик Марсеј од 1996 до 2016 година.