ВИДЕО: 20-годишник од Бенфика му се вмеша во тактиката и го разлути Жезус

Бенфика се пласираше во групната фаза на Лигата на шампионите, откако го доби двомечот против ПСВ (2-1). 

Во вчерашниот реванш, португалскиот тим играше долго со човек помалку, но издржа и одигра реми кое им беше доволно за пласман понатаму. Сепак, интересен момент се случи кога Жорж Жезус во игра го испрати Гонзало Рамос. 

  • Комичната ситуација на „Филипс Стадион“: 

20-годишниот фудбалер почна да му објаснува на искусниот стручњак, покажувајќи му на таблата со прстот. Тоа го разлути Жезус кој почна да вика покрај аут-линијата, што беше навистина интересно да се види.