ВИДЕО: 19-годишник со потег кој е комбинација на имагинацијата на Нејмар, Роналдињо, Фалкао...

Хуртадо

Јужноамериканците секогаш се расположени за атративни потези на кои им се чуди остатокот од светот. 

Во рамки од аргентинскиот Куп на Суперлигата, екипата на Њуелс Oлд бојс загуби на домашен терен од Гимнасија и Есгрима Ла Плата . 

На мечот се истакна 19-годишниот талент од Венецуела, Јан Хуртадо, кој по еден фантастичен потег доби аплаузи дури и од домашната публика.

Гостинскиот фудбалер приреди мало шоу покрај аут-линијата по кое неговиот директен чувар не знаеше каде се наоѓа и мораше со раце да спречи поголем срам.