17-годишниот Тодоровски потпиша професионален договор со Работнички

Работнички ја продолжува стратегијата за форсирање на младите фудбалери од академијата на клубот, откако денес прв професионален договор потпиша Димитар Тодоровски. Тој се обврза на тригодишна верност.

Димитар Тодоровски има 17 години, игра во средниот ред и е светла перспектива на клубот. Тој е македонски репрезентативец во својата генерација и оваа сезона добива шанса да се докаже и во сениорска конкуренција.

Хјунг-Јон Ли од Кореја, Дамјан Шишковски, Филип Стојчевски, Јаго Гомез му пристапија на клубот од Дебар Маало сезонава, а на проба е и Бошко Паповиќ.

Дебармаалци оваа година ќе ја прескокнат Европа, поради шокантниот пораз во финишот од ПМФЛ сезоната од Шкупи. Во новата сезона екипата ќе ја води и нов тренер, младиот Александар Влахо.