• Горан Упале
Михајло Цветковиќ постави нов рекорд на српската Mozzart Bet Суперлига и од вечерва зад неговото име ќе биде запишан најбрзиот постигнат гол во историјата.
На младиот ас на Чукарички му беа потребни само девет секунди за да го совлада голманот на Железничар во натпреварот од 14. коло во фудбалскиот шампионат на Србија.
17-годишниот Цветковиќ го собори рекордот на Урош Ѓурѓевиќ од 2016 година, поставен на истиот стадион. Тогашниот шпиц на Партизан во десеттата секунда го „отвори“ Чучарички и со тоа го престигна Борко Веселиновиќ од Рад (11 секунди).