• Саше Љолес

Барселона го совлада Тотенхем со 4-2 и го освои трофејот „Жоан Гампер“, но покрај победата, навивачите на каталонскиот гигант имаа уште една причина за големо задоволство.
Тренерот Чави Хернандез во 80. минута од натпреварот му даде шанса на младиот Ламин Џамал, кој откако влезе на теренот, покажа дека во иднина ќе биде меѓу главните играчи во тимот. Само една минута по неговото влегување во игра, Џамал му асистираше на Феран Торес за израмнување на 2-2, а до крајот на натпреварот беше убедливо најдобар поединец кај Барса.
Lamine Yamal vs Tottenhampic.twitter.com/wYW6C9tfWy
— Mati (@MoleiroRole) August 8, 2023
16-годишниот Шпанец со мароканско потекло ja одушевуваше публиката со неговите извонредни потези и покажа дека се работи за одличен техничар кој умее да асистира и кому тешко може да му се одземе топката. Тој ги „напати“ дефанзивците на Тотенхем, а за тоа најдобро говори фактот што врз него беа направени седум фаули за само десетина минути.
Младинецот дебитираше за Барса минатата сезона, кога за прв пат влезе на теренот во 32. коло од Примера. Барселона тогаш славеше над Бетис со 4-0 и на тој начин Јамал стана најмладиот дебитант во клупската историја (15 години, девет месеци и 14 дена), рушејќи го рекордот на Арманд Мартинез Сага од 1922 година.
Публиката беше презадоволна од изданието на Ламин Џамал и се надева дека во иднина тој ќе биде голема ѕвезда во тимот на Барселона. Тој е воедно и петти најмлад играч во историјата на шпанското фудбалско првенство.