11 млади фудбалски „бисери“ во Европа, кои чинат повеќе од 600 милиони евра

млади таленти

Фудбалот во Европа полека се подготвува за крајот на ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои доминираат во последната декада. Иднината е светла, кога ќе се погледнат младите фудбалски ѕвезди, кои се појавија на сцена во последните неколку години.

Денешниот трансфер пазар дозволува да се плаќаат астрономски цени за фудбалери, кои сè уште немаат ништо докажано на теренот, нешто што беше незамисливо пред само неколку години. Имиња како Мбапе, Донарума, Дембеле, Сане и Габриел Хесус ги рушат сите рекорди на примања на играчи под 22 години.

Иако, фановите не сакаат да гледаат како нивните миленици се „продаваат“ за високите понуди, актуелната ситуација на пазарот наметнува младите фудбалери да немаат никаква шанса да оддолеат на богатствата кои им се нудат.

Кога би се собрале најбараните и најдобрите 11 фудбалери под 22 години, нивната севкупна вредност на пазарот би изнесувала енормни 600 милиони евра.

  • Килиан Мбапе (Монако) - 92,3 милиони 
  • Османа Дембеле (Борусија Дортмунд) - 87,1 милиони
  • Лерој Сане (Манчестер Сити) - 74,8 милиони
  • Маркус Рашфорд (Манчестер Сити) - 70,7 милиони
  • Лемар (Монако) - 62,9 милиони
  • Габриел Хесус (Манчестер Сити) - 56,3 милиони
  • Јулиан Вајгл (Борусија Дортмунд) - 47,6 милиони
  • Џанлуиџи Донарума (Милан) - 39 милиони
  • Јулиан Брандт (Баер Леверкузен) - 38,4 милиони
  • Марко Асенсио (Реал Мадрид) - 36,9 милиони
  • Тео Хернандез (Атлетико Мадрид) - 24,2 милиони