Германија е целосно фокусирана на завршницата на ракометната Лига на шампиони. Како и секоја година во петок навечер воочи полуфиналните мечеви се одржа мал церемонијал на свечено отворање пред „Ланксес арената“ во Келн. Хрватската група „Луминајз“, составена од девојки кои живеат и работат во Холандија направи убава атмосфера пред неколку стотина навивачи кои полека се загреваат за утрешните емоции на „фајнал-фор“ турнирот. „Луминајз“ е предвидено да настапат и пред церемонијалот на доделување на медалите во недела навечер.



















