Со одигрувањето на последното 27. коло од шампионатот на Македонија во футсал, старо-новиот шампион Железарец го доби шампионскиот пехар по победата во последниот меч против Хедис. „Железарците“ ја продолжуваат својата доминација во македонскиот футсал и на табелата со 79 бода имаат цели 30 бодови повеќе од второпласираната екипа на Шкупи. Целта на „зелено-црните“ е сега да ја повторат одличната сезона во Европа како и минатата, кога играа во групната фаза на УЕФА Купот.