Многу работи ги поврзуваат Тиквеш и Брегалница и попладнево во игра не беа само три бода, туку многу повеќе. Костов и Мојсов се соочија со своето минато и матичните клубови, а дуелот го одбележа необичниот црвен картон на поранешниот репрезентативец. Брегалница пропушти можност да однесе три бода од Кавадарци, па на крај се спасуваше да не загуби. Финалните 1-1 се реална слика на прикажаното во тензичното неделно попладне во Кавадарци.