Кошаркарите на Пелистер преслушаа уште еден ривал во својот дом во Првата лигата. Во Битола со пораз си замина и тимот на Кожув од Гевлегија, откако пелистерци со одлично второ полувреме извојуваа победа од 72-61. Со вечерашниот успех Пелистер го осигура второто место на табелата по првиот ден од регуларната фаза од првенството, но и го остави Кожув без никакви шанси за пласман на Ф8 турнирот од Купот на Македонија.