Екипата на Маџари пропушти да направи голема сензација. Новиот прволигаш се носеше цел меч со Пелистер во Битола, но доживеа пораз (101-90) во рамки на кошаркарскиот шампионат на Македонија по две продолженија. Пелистер во кошаркарскиот шампионат на Македонија со тешка мака остана на скор 3-0 заедно со ТФТ, МЗТ Скопје и МКК Куманово. Маџари, пак, се уште ја чека првата победа (0-3).

















































