Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер уште ќе чека на првата победа во Лигата на шампионите. „Зелените“ во Битола го пречекаа Веспрем, од кого загубија со резултат 23-30 (12-17) и остануваат на дното на табелата. Шанса за бодови битолчани ќе имаат следното коло, кога гостуваат кај данска Фредериција која оваа рунда ја изненади Висла и првпат победи.