Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во „мечот на неделата“ според ЕХФ го пречека ПИК Сегед од Унгарија во Битола, а дуелот по голема борба и во неизвесен финиш заврши со резултат позитивен за домашните, победа од 25-24. За пелистерци ова беше втора победа во елитното друштво по онаа со Загреб исто така пред домашната публика и сигурно е дека ќе биде мотив за понатаму.



















































