Ако на мечот Франција - Македонија имаше многу празни места, дојде време за мечот на домашната селекција и трибините на „Краков арената“ се исполнија до последно место. Како на одбојкарскиот мундијал минатата година, се беше обоено во бели и црвени дресови, а највпечатливи беа убавите полски девојки на кои никој на трибините не можеше да остане рамнодушен.