Со пристигнувањето на Немања Прибак, Велко Маркоски, Николче Митревски, Наумче Мојсоски и капитенот Кире Лазаров, македонската ракометна репрезентација е на чекор до комплетирање пред заминувањето во Злин. Утре треба да пристигнат „Германците“: Борко Ристовски, Филип Миркуловски и Ацо Јоновски и Червар ќе го има целиот ростер на располагање за да го подготвува мечот со Чешка на гостински терен. Попладнево во СРЦ „Кале“ ракометарите одработија редовна тренинг сесија, а стручниот штаб веќе почнува да го „скенира“ противникот кој добро го знаеме од претходните квалификации за ЕП во Полска.


































