Како и најчесто на завршните СЕХА турнири, ППД Загреб пак е трет по „фајнал-форот“. И минатата година 25-кратниот првак на Хрватска победи во малото финале, а ист е случајот и оваа година. Во меч кој имаше своја драматика, но и егзибициски дел, момците на Вујовиќ го совладаа Мешков Брест со 23-24. Црногорскиот тренер чие име одекнуваше од 5.000 хрватски навивачи и натаму е без СЕХА титула, а втора година по ред е бронзен.






































