По успехот во Лигата на шампионите, ППД Загреб е екипа со перфектна атмосфера. Тоа можеше да се забележи и на последниот тренинг пред полуфиналето на СЕХА лигата против Вардар. Вујовиќ ги има на располагање сите ракометари, повредите се заборавени, мотиви колку што сакаш и нема воопшто да биде пријатно да се игра против „плинарите“ утревечер. По еден час тренинг ракометарите на ППД Загреб просторот им го отстапуваат на вардарци кои веднаш по нив стапуваат на сцена.



















