Големи спортисти имиња и успешни колективи беа дарувани од Град Скопје за со резултати богатата и плодна 2015 година. ЖРК Вардар беше трет во Европа, неколку инвидуални спортисти дојдоа до светски или европски одличја. Фудбалерите на Вардар се шампиони на Македонија и презимија како лидери во тековниот шампионат. Арпад Штербик покажа дека е класа за македонскиот спорт, а најмногу аплаузи и најблескавото признание заврши во рацете на Игор Стефановски - Иџе. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски го прогласи за најдобар меѓу најдобрите според Град Скопје заради втората европска титула на ридски патеки. Иџе најави хет-трик следната година. Гламурот во изборот и оваа година беше присутен.








Игор Стефановски Иџе добива признание























Најдобрите спортисти на Скопје за 2015 година
