Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација со мал милион проблеми го подготвува првиот предизвик и натпреварите од Европската лига кои почнуваат овој викенд во бугарскиот град Варна. Селекторот најави заминување, голем дел клучни одбојкари не настапуваат за својата селекција, а и конкуренцијата не е наивна. По денешниот тренинг во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ на стручниот штаб му е малку појасно како ќе изгледа физиономијата на нашиот тим за мечевите против Бугарија, Данска и Албанија. Првата бугарска мисија не е невозможна, па и покрај проблемите кои за одбојкарите како да се неизбежни.
















