Пелистер го искористи домашниот терен, во еден супер-возбудлив натпревар го победи Работнички (85-79) и така во полуфиналната серија во македонсккиот кошаркарски плеј-оф поведе со 2-1. Вицешампионот сега е на една победа од место во финалето и серија за титула. Атмосферата во битолската сала беше за чиста десетка, а актерите на паркетот покажаа голема борбеност и желба за победа. На крај се радуваа домаќините, кои во следниот натпревар исто така во Битола имаат шанса за пласман во ново финале.