Ракометарите на Висла Плок предводени од тренерот Маноло Каденас ја почувствуваа атмосферата во Скопје со официјалниот тренинг пред мечот со Вардар. Видно насмеани полските ракометари не кријат дека во нашата земја дојдоа по изненадување. Каденас ја започна тренинг сесијата од 90 минути која е последно доближување на полскиот вицепампион до мечот на одлука. Првиот меч минатата среда во Полска заврши без победник 30-30.

















