Генералниот секретар на ЕХФ, Михаел Видерер, беше главниот актер во ждрепката за европската зона од квалификациите за наредното светско првенство кое почнува на 11 јaнуари 2017 година во Франција. Со неверојатен проект, во кој ракомет ќе се игра и на затворен стадион со поставен сегмент за ракомет, Франција го најавува светското првенство. Финалниот турнир ќе биде во „Париз-Берси арената“ исто како и на Мундијалот во 2001 година, кој го освоија „триколорите“.
Токму Видерер ни ја подари Чешка во квалификациите и тоа во вториот извлечен пар, веднаш по оној меѓу Шведска и БиХ. Среќата од Краков можеме да констатираме дека беше на наша страна. Сега следното е на ракометарите добро да се подготват и да нè израдуваат со уште еден успех.